Арсенал со сите сили се обидува да го донесе во своите редови Јуриен Тимбер од Ајакс. Додека траат преговорите „топчиите“ имаат и резервна варијанта. Тимбер може да игра како централен бек и како десен бек, репрезентативец е на Холандија и добра перспектива на холандскиот фудбал.
Арсенал се обидува да го наговори Ајакс да го пушти овој фудбалер. Доколку не успее во преговорите тогаш имаат резервна варијанта.
Челниците веќе одржале состанок со претставници на дефанзивецот на Лајпциг, Бенџамин Хенрикс, пишува Кикер. Тој е екс-играч на Баер Леверкузен и Монако, а во Лајпциг е од 2020 година.
Неговата пазарна вредност според Трансфермаркт е помеѓу 15 и 20 милиони евра.