Борусија Дортмунд се засили со германски репрезентативец

557

Германскиот вицешампион Борусија Дортмунд се засили со халфот Феликс Нмеча кој доаѓа од Волфсбург. Според медиумите во Германија трансферот изнесува околу 30 мииони евра со вклучени бонуси. Договорот на германскиот репрезентативец е до летото 2028 година.
„Го следам Дортмунд уште како дете. Се радувам што сум дел од него и ќе му помогнам да ги оствари целите во Бундес лигата, Купот на Германија и ЛШ. Се надевам фановите ќе бидат задоволни од мене“, изјави Нмеча.
Минатата сезона халфот одигра 32 меча на кои постигна 3 гола и запиша 6 асистенции.

ПретходноСвитолина ја запре Венус Вилијамс на стартот на Вимблдон
СледноПо Џеко, во Фенербахче доаѓа и ѕвезда на Ливерпул?