Македонската кадетска репрезентација го запиша вториот пораз од Бугарија, подобра завршница им донесе нов триумф на гостите, на крајот убедлив 73-63.
Нашите кошаркари има за што да жалат, бидејќи имаа водство на овој меч, последното во третата четвртина. Имаа 48-41 по нецели четири минути, нешто подоцна и 52-46.
Во неполни пет минути во последниот период, Бугарија направи нова серија на поени. Сега од (17-5) за целосен пресврт и водство од 63-56. Гостите успеаја до крај да го одржат ритамот и да запиша победа.
Најков беше најефикасен играч на оваа средба, реализираше 22 поени. Марјановиќ постигна осум, Ефтимовски имаше седум, а Терзиевски уште шест поени.