Ивановски падна четири места на АТП листата, Ѓорческа две места подолу на ВТА листата

53

Нов пад од четири места за најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на АТП листата. На најновата објавена денеска, Калин се најде на 370-тата позиција со 131 поен, колку што имаше и претходната недела.

Горазд Србљак со поено освоен во Куршумлијска Бања има напредок од 24 места и со 9 поени се наоѓа на 1093. место, додека Обрад Марковски има пад за 14 места за пласман на 1227 позиција.

Кај тенисерките, нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа со 295 поени, колку што имаше и претходната недела има две места послаб ранг и сега се наоѓа на 249. место на ВТА листата. Таа за малку не успеа да влезе во квалификациите на Вимблдон, но оваа недела ќе настапува на турнир во Летонија во Лиепаја за награден фонд од 60.000 долари и е рангирана како 11-та носителка. Магдалена Стоилковска со 3 поени е рангирана на 1359. место (пад за 15 места).

ПретходноБешикташ го бара Кутињо на позајмица, но не сака да плаќа повеќе од 40% од неговата плата
СледноАрапите не застануваат: Ал Хилал му нуди 600 милиони евра на Нејмар!