ИХФ ја згасна и последната наша надеж: Австрија и Исланд добија вајлд-карти за СП!

235

До денеска се надевавме дека токму македонската женска ракометна репрезентација ќе добие вајлд-карта за настап на Светското првенство 2023 година. Од ИХФ доаѓаат информации кои за жал не се добри за „црвено-жолтите“.

Светската „куќа на ракометот“ одлучи двете вајлд-карти да ги додели на Австрија и на Исланд.

Ова е помалку чудно бидејќи спред критериумите Македонија или Швајцарија беа како резерви од Европа за настап на Мундијалот, според пласманот од последното ЕП. Наместо ова, ИХФ одлучи на СП да земат учество Австрија и Исланд, кои не беа дел од последното континентално натпреварување.

Инаку, Македонија играше бараж мечеви против Украина, на двата беше поразена.

ПретходноБрегалница го потврди репрезентативецот на Јамајка!
СледноРоналдо од Јамајка доаѓа во Штип! (ВИДЕО)