Милан ја доставил првата понуда до Челзи за потписот на американскиот репрезентативец Кристијан Пулишиќ, но истата најверојатно веќе е одбиена. Информациите велат дека „росонерите“ му понудиле на Челзи 14 милиони евра за играчот од средниот ред, но раководството на „сините“ верува дека Американецот вреди повеќе.
Според гласините, Челзи би се задоволил со сума не помала од 20 милиони евра за да му дозволи на Пулишиќ да замине. Играчот наводно веќе постигнал договор за личните услови со „росонерите“.