Мишов од Тиквеш е нов „шпиц“ на грузиска Самтредиа

1297

Досегашниот напаѓач на екипата на Тиквеш, Александар Мишов, е нов напаѓач на грузиска Самтредиа. 24-годишниот голгетер се договори со еден од најпознатите грузиски тимови и му се приклучува на тимот кој во август ги продолжува настапите во тамошното првенство во обид да избори опстанок во елитата.

Мишов минатата сезона го носеше дресот на Тиквеш, а претходно настапуваше и во екипите на Борец и Академија Пандев.

ПретходноМаунт во Јунајтед: Договор на 5+1 година и обештетување од 55 милиони фунти
СледноЗа билет за Вимблдон се кампува пред билетара: На „црно“ финалето чини 10.000 фунти!