Патрик Виеира на клупата на француски клуб

234

Поранешниот француски фудбалски ас, Патрик Виеира е назначен за нов француски прволигаш Стразбур. Екс-играчот на Арсенал со францускиот клуб потпиша тригодишен договор.
„Доаѓам овде со голема гордост и понизност. Ова е регион кој сериозно го сфаќа фудбалот. Тука се потребни сите елементи за да се направи добра работа. Многу сум возбуден што го прифаќам овој предизвик; има цврсти темели од што да работи“, изјави Виеира.
По фудбалската кариера, Виеира работеше како тренер на Њујорк Сити, па Ница и Кристал Палас.

ПретходноПо Џеко, во Фенербахче доаѓа и ѕвезда на Ливерпул?
СледноАрсенал ќе го купува Хенрикс, ако не успее да го донесе Тимбер