По Џеко, во Фенербахче доаѓа и ѕвезда на Ливерпул?

472

По ангажманот на Един Џеко, но и разделбата со тројца фудбалери, меѓу кои и Езџан Алиоски, Фенербахче работи на реконструкција на екипата за новата сезона. Џеко пристигна, но апетитите на „канаринците“ пораснаа и сакаат да донесат уште неколку фудбалери со цел да ја вратат титулата во своите редови.
Во Турција се пишува дека играч на Ливерпул би можел да дојде во Фенербахче. Се работи за шпанскиот играч за врска Тијаго Алкантара кој има договор со Ливерпул уште една година.
Фенер би платил 5 милиони евра како обесштетување, а 32 годишниот играч би стабил потпис на договор до јуни 2026 година. А платата 7,5 милиони евра по сезона.

ПретходноБорусија Дортмунд се засили со германски репрезентативец
СледноПатрик Виеира на клупата на француски клуб