Роналдо од Јамајка доаѓа во Штип! (ВИДЕО)

1001

Покрај Колин Андерсон, напаѓачот и репрезентативецот на Јамајка кој денеска беше промовиран како нов член на Брегалница, како што и „Спортмедиа“ најави, во Штип доаѓа уште еден репрезентативец на Јамајка. И тоа фудбалер за врска со славно име Роналдо а презимето му е Вебстер.

Станува збор за млад играч, има само 21 година и е класичен играч за врска со офанзивни карактерестики. Тој му бил соиграч на Андерсон, играле заедно во тимот Кавалиерс во Јамајка и сега заедно ќе играат во Брегалница.

Роналдо има еден настап за најдобрата селекција  на Јамајка.

ПретходноИХФ ја згасна и последната наша надеж: Австрија и Исланд добија вајлд-карти за СП!
СледноБугарија со „убиствена“ серија им нанесе нов пораз на македонските кадети!