Свитолина ја запре Венус Вилијамс на стартот на Вимблдон

146

Венус Вилијамс доби посебна покана од организаторот и 24. пат во кариерата заигра на Вимблдон и покрај тоа што веќе има 44 години. Но го заврши настапот уште на стартот. Петратната шампионка доживеа пораз од Елина Свитолина со 4:6 и 3:6.
Легендарната Американка прва направи брејк и поведе со 2:0, но Украинката го сврте резултатот на 4:2 и ја сочува предноста до крајот на првиот сет.
Во вториот сет Свитолина поведе со 5:1, Венус врати еден брејк меѓутоа не можеше ништо повеќе.
Свитолина во 2.коло ќе игра против белгиската тенисерка Елиз Мертенс која беше подобра од чешката квалификантка Викторија Хрунчакова со 7:6 и 6:2.
Фаворитките успешно го поминаа првото коло, па така Швјонтек, Азаренка, Вондрусова, Касаткина, Бенчич, Ванг ќе ги гледаме во следната рунда.

ПретходноРафа Бенитез нов тренер на Селта
СледноБорусија Дортмунд се засили со германски репрезентативец