Стојановски е нов напаѓач на Работнички

997

Големо засилување предмалку претстави тимот на Работнички. Влатко Стојановски, повремениот македонски репрезентативец пристигнува во Дебар Маало и е нов член на „РОмантичарите“.

Откако му заврши престојот во тимот на Шкендија, Стојановски имаше опции да замине во некој од нашите прволигаши но и во странство, но се реши за Работнички, клубот каде што очигледно планира да ја возобнови својата препознатлива форма.

Тој своевремено направи мега трансфер кога од тимот на Ренова се пресели во Франција поточно во тимот на Нимс, но оттогаш не успеа да се задржи во ниту еден клуб повеќе од една година. Промени доста екипи, како Шамбли,  Горица во Хрватска, Шкендија, Септември Софија, а ете сега повторно доаѓа во ПМФЛ шампионатот.

 

ПретходноНовак лесно во првото коло против Качин (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Рома се „преслече“ во Адидас