26-годишниот дефанзивец Стефан Костов е ново засилување за второлигашот Пелистер. Битолчани во обид да направат силен состав со кој следната сезона ќе се борат за враќање во елитата, денеска го преставија новото засилување.
Костов кој минатата сезона го носеше дресот на Тиквеш, претходно настапуваше и за Академија Пандев, Ренова и Брегалница.
„Веќе подолг период сум во преговори со Пелситер, кои конечно се реализираа. Имаме заедничка цел, а тоа е да го вратиме Пелистер во ПМФЛ и среќен сум што ќе можам да дадам придонес и да помогнам во тоа“, изјавил Костов кој настапува на позицијата централен бек.