Милан понуди 14, Челзи бара најмалку 20 милиони евра за Пулишиќ

101

Милан ја доставил првата понуда до Челзи за потписот на американскиот репрезентативец Кристијан Пулишиќ, но истата најверојатно веќе е одбиена. Информациите велат дека „росонерите“ му понудиле на Челзи 14 милиони евра за играчот од средниот ред, но раководството на „сините“ верува дека Американецот вреди повеќе.

Според гласините, Челзи би се задоволил со сума не помала од 20 милиони евра за да му дозволи на Пулишиќ да замине. Играчот наводно веќе постигнал договор за личните услови со „росонерите“.

ПретходноКирјос и официјално се повлече од Вимблдон
СледноМаунт во Јунајтед: Договор на 5+1 година и обештетување од 55 милиони фунти