Најдобрата тенисерка на светот, Ига Швјонтек без проблеми ја совлада Лин Жу од Кина со 6-1 и 6-3 на стартот од Гренд слемот Вимлбдон. Денеска во Лондон стартуваше најпрестижниот тениски турнир на светот, а полјакињата без проблеми, и само осумдесетина минути на терен се пласираше во следната фаза.
Во следното коло Швјонтек ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Мартина Тревизан и Сара Сорибес Тормо.