Њукасл го потврди трансферот: Тонали стана најскапо платениот Италијанец на сите времиња!

209

Њукасл го промовира своето најново засилување. Станува збор за италијанскиот репрезентативец, Сандро Тонали, кој доаѓа од Милан.

23-годишниот фудбалер потпиша договор до 2028 година, Њукасл за играчот за врска ќе плати 70 милиони евра (плус бонуси) и со тоа Сандро стана најскапо платен Италијанец на сите времиња.

Тонали е еден од најпреспективните млади фудбалери, има 14 настапи во националниот дрес, тој беше капитен на репрезентацијата на Италија до 21 година на ЕП ова лето.

Тој го носеше дресот на Бреша со која успеа да стигне до Серија Б, по што се пресели во дресот на Милан во 2020 година. Тој запиша 130 настапи во Серија А.

„Би сакал да им се заблагодаран на Њукасл за доверената шана. Среќен сум што доаѓам на „Сент Џејмс Парк“, едвај чека да ја почувствувам атмосферата.

ПретходноСветски гигант е нов спонзор на Ал Наср – причината е Роналдо!
СледноБрегалница го потврди репрезентативецот на Јамајка!