Митревски не е веќе спортски директор на Е. Пелистер!

323

РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека заради приватни причини спортскиот директор Димитар Митревски се повлекува од својата професионална функција во клубот. Под негово раководење клубот се издигна во еден од најдобро организираните спортски клубови во Македонија, посебно по потпишувањето на платформата за ракометна Битола.

Со Митревски како прв оперативец клубот освои два Суперкупа на Македонија, една шампионска титула во Суперлигата и редовно игра значајна улога во Европа и СЕХА лигата.

Раководството на Е.Пелистер јавно му се заблагодари на досегашниот спортски директор на успешната соработка.

ПретходноНа денешен ден пред 25 години постигнат е еден од најспектакуларните голови на Мундијалите! (ВИДЕО)
СледноБранислав Ангеловски е нов спортски директор на Е. Пелистер! (ФОТО)