По повредата на лигаментите: Шкендија остана без своето големо засилување Зија Мерџани!

1151

Лоши вести од Словенија, од таборот на Шкендија каде тетовци се на подготовки во пресрет на европскиот настап во квалификациите во Лигата на Конференции.

Имено на мечот со Сараево, Зија Мерџани кој се врати во Шкендија од Струга ТЛ, и требаше да биде големо засилување за тетовци во наредната сезона, се здобил со тешка повреда на лигаментите. Иако се очекуваат дополнителните тестови, се стравува дека страдале вкрстените лигаменти.

Ако ова е точно, тогаш јасно е дека одличниот офанзивен бек, кој имаше одлична сезона во Струга ТЛ, го чека долга пауза и дека Шкендија остана без одличен фудбалер барем во во следните неколку месеци.

ПретходноШампионот утре во Охрид против Тирана ќе ја има “генералката“ за настапот во квалификациите во ЛШ!
СледноНикој не сака да плати 120 милиони евра: Осимен останува во Наполи, потпишува нов договор!