Можно е Езѓан Алиоски да потпише за Трабзонспор, односно по заминувањето од Фенербахче да остане во Турција. Имено како што денеска пишуваат медиумите во Турција, нашиот репрезентативец се поврзува со трансфер со клубот каде што настапува и Енис Барди.
Сепак да се дојде до реализација на овој трансфер, односно да Џани потпише за Трабзон, свое – ДА, треба да каже и тренерот Ненад Бјелица.
Сега се чека уште на неговата реакција па да се објави дека Џани нема да се враќа во С. Арабија, туку дека ќе остане во Турција.