Германскиот шампион Баерн (М) е заинтересиран за грузискиот голман од екипата на Валенсија, Георги Мамардашвили.
22-годишниот голман е на листата на потенцијални трансфер цели на минхенскиот клуб, а и самиот играч е заинтересиран за преселба во Баерн. Мамардашвили е на метата и на неколку англиски и италијански клубови.
Голманот настапува за грузиската репрезентација, но летово настапи и на Европското првенство за младинската селекција на Грузија со која стигна до ¼-финалето на ЕП 2023.
Мамардашвили минатата сезона одигра 38 натпревари во Ла Лига за Валенсија, прими 45 гола и 7 пати ја одржуваше мрежата „чиста“.