Барселона ќе се засили со турскиот вундеркинд

520

Барселона најверојатно ќе ги засили редовите на големиот талент на турскито фудбал Арда Гулер, пренесуваат каталонските медиуми. Според информацијата, младиот фудбалер на Фенербахче ќе ја продолжи кариерата на „Ноу Камп“ по разговорите меѓу неговите претставници и новиот спортски директор Деко. 18-годишниот играч од средниот ред веќе ги информирал претседателот на Фенер, Али Коч и тренерот Исмаил Картал за одлуката.

Од друга страна Барселона ќе ја плати откупната клаузула која изнесува 17,5 милиони евра плус уште 10 миолиони евра на неговите агенти. Според „Спорт“, Барселона ќе го отстапи Гулер во Фенербахче како позајмен за наредната сезона но ќе има клаузула според која може да го врати уште во јануари идната година.

Барселона во договорот на Гулер ќе стави откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Од друга страна Реал Мадрид се надева дека во последен миг ќе го убедат Турчинот да ја смени одлуката. Милан и Борусија Дортмунд се повлекле од трката.

Според турскиот весник „Фанатик“, Фенербахче ќе се обиде да донесе тројца нови играчи, Тома Лемар од Атлетико, Иван Перишиќ од Тотенхем и слободниот играч Хуан Квадрадо.

ПретходноАлкараз “експрес“ на стартот на Вимблдон!
СледноАлиоски пред трансфер во Трабзон, ќе му биде соиграч на Барди?!