Галтие го напушти ПСЖ, се е спремно за Енрике

82

Кристоф Галтие не е повеќе тренер на ПСЖ, а на клупата ќе го наследи Луис Енрике, пренесува „Ле Паризиен“. Изданието пишува дека ПСЖ се разделил со Галтие и покрај тоа што информацијата се уште не е потврдена од клубот.

Галтие потпишал обостран раскин на договорот ќе добие отштета од шест милиони евра. Нов тренер на ПСЖ ќе биде Луис Енрике. Шпанецот веќе дошол во Париз, а промоцијата би требало да се одржи утре попладне.

Енрике ги предводеше Рома, Селта, Барселона и репрезентацијата на Шпанија.

ПретходноКрстевски продолжи со Бутел Скопје
СледноМитрашиновиќ е нов играч на Плештанске чајки