ЕХФ го објави најновиот ранкинг: Македонија е на 18. место!

412

Европската ракометна федерација го објави најновиот ранкинг, кој е направен според настапите на машките репрезентации на последните три големи натпреварувања, поточно Светското првенство 2021 и 2023 година и ЕХФ ЕУРО 2022, вклучувајќи ги и нивните соодветни квалификациски натпревари.

Македонија во овој поредок се најде 18. место со 94 бодови, на четири бода пред Австрија, десет зад Чешка.

Оваа листа е важна за бараж мечевите за пласман на Светското првенство, но и за шеширот во кој треба да се најде пред стартот на квалификациите за Мундијалот 2025 година.

Ова значи дека Македонија не само што ќе игра еден бараж, туку и треба да се најде во првиот шешир. Русија која и натаму е надвор од сите натпреварувања под капата на ЕХФ се наоѓа на 13-та позиција, автоматски отпаѓа. Во овој редослед, македонската ракометна репрезентација го фаќа последното место кое води во првиот шешир.

Инаку на првото место е Данска со 448 бодови пред Шведска и Шпанија, по што следуваат Франција и Норвешка.

ПретходноЛуис Енрике има план како да не ја освои Лигата на шампионите и да остане на клупата на ПСЖ
СледноУнгарски пивот го одбра Татран Прешов пред Вардар!