Извршниот комитет на Европската ракометна федерација и го одзеде на Русија домаќинството на ЕП 2026 година. Организацијата што и беше доделена на Русија во 2021 година, и беше одземена поради актуелната ситуација во тој регион.
ЕХФ ќе треба да одреди нов домаќин на континенталниот собир во 2026 година.
Засега е познато дека ЕП 2024 ќе се одржи во Унгарија, Австрија и Швајцарија, додека ЕП 2028 година во Данска, Шведска и Норвешка.