Иван Марковски е нов тренер на Мулти Есенс

344
РК Мулти Есенс денеска информираше дека нов прв тренер на екипата за претстојната сезона е назначен Иван Марковски.
Иван Марковски е поранешен македонски репрезентативец со богато играчко резиме, во кое се запишани настапи за повеќе домашни и странски екипи, меѓу кои се РК Пелистер, РК Металург, РК Вардар, РК Метковиќ, РК Загреб и РК Сарагоса.
Во својата тренерска кариера има водено екипи од Франција, Кина и од Катар, а беше тренер и на македонските тимови ХЈС Работник и РК Металург. Мастер-коуч лиценца има од 2020 година.
Помошник на Иван Марковски ќе му биде тренерот Миле Бочкаровски.
ПретходноУ17: Утре против Молдавија за бекство од дното на БП
СледноКаи Хаверц сега е најплатениот фудбалер на Арсенал!