Специјалистот за Чемпионшип, Германецот Даниел Фарке, денеска е назначен за нов менаџер на Лидс Јунајтед. Двократниот победник на Чемпионшип лигата додека беше на чело на Норич Сити, се согласи на четиригодишен договор со тимот од „Еланд Роуд“.
46-годишниот Германец го наследува Сем Алардајс кој ги напушти „белите“ на крајот од минатата сезона. Фарке беше именуван за менаџер на Норич Сити во летото 2017 година и имаше голем успех на „Кароу Роуд“. Во сезоната 2018/19 тој го одведе Норич до освојуваше на шампионатот и промоција во елитата, враќајќи го клубот во Премиер лигата за првпат по три години.