Лилард и Харден во пакет кај ЛА Клиперс?

544

И покрај потпишувањето на договорот со Расел Вестбрук, првите луѓе на ЛА Клиперс и натаму продолжуваат да ја следат можноста за доведување на Демијан Лилард и Џејмс Харден. „Лос Анџелес Тајмс“ пишува дека Клиперси се ериозни во намерите.

Откако се отвори пазарот за слободни агенти, ЛА Клиперс се согласија на нов двегодишен договор со Вестбрук вреден 7,8 милиони долари. МВП кошаркарот од 2017 година, минатата сезона заработи 47 милиони долари. Ова е најголемото намалување на платите во историјата на лигата.

Лилард и Харден побараа трејд од Портланд и Филаделфија, соодветно и сега се чека одлуката за нивната нова средина.

ПретходноБаерн (М) тргна по грузискиот репрезентативен голман
СледноЧудно: УЕФА му “украде“ на Меси еден трофеј во Лигата на Шампионите!