Иако ги освои Суперкупот на Франција и Лига 1, Кростиф Галтие стана поранешен член на клупата на ПСЖ бидејќи не ја освои Лигата на шампионите.
Неговиот наследник ќе биде претставен наскоро, а тоа е шпанскиот стручњак, Луис Енрике. Последен ангажман му беше како селектор на Шпанија.
Главната цел на ПСЖ е секако да ја освои Лигата на шампионите, но Енрике најде начин да го тргне притисокот од себе, барем во првата сезона.
Конкретно, Луис Енрике веќе им пренел на челниците на ПСЖ дека сегашниот тим не е способен барем во овој момент да го освои трофејот во Лигата на шампионите.
Шпанецот побарал од челниците на клубот да му дадат одврзани раце да почне да се обновува од нула во следните три години, особено со млади играчи, пренесува „Sportszone“.
Според изворот споменат погоре, челниците на ПСЖ се договориле и ќе ги исполнат сите желби на Луис Енрике ова лето.
Ова очигледно значи дека доаѓањето на Луис Енрике ќе биде долгорочен проект и дека летото 2024 година конечно би можело да биде лето во кое парискиот клуб не го менува тренерот.