Миовски откако по тешката повреда се врати на тренинзи: Не верував дека ќе имам толку среќа! (ФОТО)

354

Убави вести од Абердин. Бојан Миовски, еден од нашите најдобри фудбалери и актуелен репрезентативец, успешно се рехабилитира по тешката повреда и ете го, сега почна со тренинзи.

Засега работи индивидуално, но набрзо ќе им се приклучи на своите соиграчи.

Image

Македонецот во дресот на Абердин не го крие своето задоволство дека ужасната повреда, поради која не беше во составот на нашата селекција во јунскиот квалификациски циклус, сега е минато.

Неверојатно е дека по само еден месец од тешката повреда сега можам да трчам, да тренирам. Засега индивидуално. Но, набрзо, веројатно од ледната недела ќе тренирам заедно со останатите мои соиграчи. Не верував дека ќе имам толку среќа“ посочи покрај другото Бојан Миовски.

ПретходноРамос изразил желба да се врати во Севиља, но доби „корпа“
СледноАлкараз “експрес“ на стартот на Вимблдон!