Никој не сака да плати 120 милиони евра: Осимен останува во Наполи, потпишува нов договор!

478

Ни во Баерн, ни во Барса, уште помалку во ПСЖ или Манчестер Јунајтед, туку останува и натаму под Везув. Се разбира дека станува збор за Виктор Осимен, за кого според медиумите блиски до Наполи биле заинтересирани речиси сите големи европски клубови.

Сепак цената за отштетата, која ја одреди контроверзниот газда на шампионот, Аурелио Де Лаурентис е преголема, дури 120 милиони евра.

Веројатно гадза Аурелио го переценил Нигериецот кој имаше супере сезона во Наполи, но сепак тие пари никој не сака да ги даде за него.

И кога е така, тогаш Осимен останува во Наполи и потпишува нов договор, сегашниот му истекува во 2025 година.

ПретходноПо повредата на лигаментите: Шкендија остана без своето големо засилување Зија Мерџани!
СледноШкендија со нова победа на подготовките, денеска „жртва“ беше Горица, фантастичен гол на Красниќи!