Пулишиќ не сака во Лион, туку во Милан

115

Американскиот репрезентативец Кристијан Пулишиќ ќе си замине од Челзи, но не во Лион како што планираа „сините“ туку во италијански клуб. И покрај тоа што Лион понудил 25 милиони евра, а Челзи ја прифатил понудата, сепак, Пулишиќ не сака да игра за францускиот клуб.

Негов приоритет е Милан, тим со кој ќе може да настапува во ЛШ. Но проблем е што Милан не сака да ја изедначи понудата на Лион. „Росонерите“ нудат 17 милиони евра и уште три во форма на бонуси.

Останува да видиме дали Челзи ќе прифати. Како што стојат работите „сините“ би требало да го испратат фудбалерот во Милан  и да ослободат место и средства за нови играчи. Челзи веќе направи неколку играчки промени, а сака уште некои.

ПретходноАлиоски пред трансфер во Трабзон, ќе му биде соиграч на Барди?!
СледноМонако има нов тренер: Адолф Хитер и официјално!