Искусниот, 37-годишен шпански фудбалер Серхио Рамос изразил желба да се врати во Севиља и таму да ја заврши кариерата, но од таму доби негативен одговор. Рамос ќе го напушти ПСЖ, па разгледува опции каде би ја продолжил кариерата, па јавно изразил желба да се врати во Севиља каде што ја почна кариерата и од каде во 2005 година направи трансфер во Реал Мадрид.
Сепак, тоа нема да се случи. Андалузијците не се заинтресирани за него.
„Серхио Рамос е фантастичен фудбалер и доаѓа од нашата фудбалска школа. Но, тој не е опција за Севиља во моментов, меѓу нас и него нема ништо“, изјави потпреседателката на Севиља, Марија дел Нидо Караско.