Рамос сепак останува соиграч на Меси?

2648

Легендарниот шпански дефанзивец, освојувач на сите најважни трофеи во фудбалот, Серхио Рамос и официјално е слободен играч од почетокот на јули откако му истече договорот со ПСЖ.

Првичните информации за 37-годишниот Рамос говореа во прилог на приказна од бајките и неговото враќање во Севиља, но сега работите изгледаат поинаку.

Според шпански „Спорт“, Рамос добил понуда од Интер Мајами и моментално е најблиску до одлука да се пресели на Флорида и да игра во американската МЛС лига.

Во Мајами го чека неговиот голем ривал од Барселона, како и неговиот соиграч од ПСЖ, Лионел Меси, како и Серхио Бускетс.

Преговорите меѓу Рамос и клубот во сопственост на Дејвид Бекам одат во добар правец и може да се очекува наскоро работата да биде завршена.

ПретходноПочина поранешниот соиграч на Џордан и татко на Данте Егзум
СледноЛуис Енрике има план како да не ја освои Лигата на шампионите и да остане на клупата на ПСЖ