Кошаркарскиот клуб Црвена звезда е во пол-позиција во трката за потписот на Никола Миротиќ, тврди реномираниот грчки портал „СДНА“.
Иако Олимпијакос беше тој што беше најблиску во изминатите неколку дена, грчките медиуми сега ја истакнуваат Црвена звезда како лидер во трката за неговиот потпис.
Неговиот статус се уште е нејасен бидејќи е во процес на раскин на договорот со Барселона и не се согласува на драстичното намалување на приходите што му ги нуди каталонскиот клуб за да си замине. Постои можност целиот случај да биде решен на суд.
Во меѓувреме пристигнуваат понудите за Миротиќ и како што сите знаат на ред се Монако, Олимпијакос, Црвена Звезда, Партизан. Но, според извори на „СДНА“, Миротиќ од раководството на „црвено-белите“ добил двегодишен договор вреден 3.000.000 евра по сезона.
Доколку информацијата е вистинита, тоа значи дека на Миротиќ му е понуден најголемиот договор во историјата на српската кошарка.
Црвена звезда досега ангажираше едно засилување во форма на Дејан Давидовац, додека се очекува да биде официјализирана соработката со Милош Теодосиќ. Новиот договор го потпиша Лука Митровиќ.