Шампионот утре во Охрид против Тирана ќе ја има “генералката“ за настапот во квалификациите во ЛШ!

222

И дефинитивно сега е јасно. Струга ТЛ, нашиот шампион во вторник на 11 јули, ќе го има својот деби настап во квалифиокаците во ЛШ и тоа во Виљнус кај тимот на Жалгирис.

Иако имаше некои најави и барања од страна на шампионот на Литванија првиот меч да се игра во Македонија, сепак не се успеа во тоа.

Дефинитивно првиот меч се игра во Виљнус на 11 јули со почеток во 18 часот, а реваншот во Охрид на 11 јули.

Инаку утре тимот на стратегот Шпетим Дуро ќе ја има “генералката“ во пресрет на гостувањето во Виљнус. Утре во 17 часот на стадионот “Билјанини Извори“ во Охрид нашиот шампион ќе ги одмери силите во пријателски натпревар со Тирана, еден од најквалитетните состави од Албанија.

Што се однесува до патувањето во Литванија, тоа е закажано за во недела околу 15 часот со директен лет Скопје – Виљнус. Ќе се одржат два тренинга од кои едниот ќе биде во понеделник во време на одигрување на натпреварот, а експедицијата на стружани треба да се врати во Македонија во среда наутро.

ПретходноБранислав Ангеловски е нов спортски директор на Е. Пелистер! (ФОТО)
СледноПо повредата на лигаментите: Шкендија остана без своето големо засилување Зија Мерџани!