Шахтјор Доњецк и покрај тоа што стана украински шампион го отпушти тренерот Игор Јовичевиќ, а неговото место ќе го пополни холандски стратег. Се работи за Патрик ван Леувен кој доаѓа од редовите на Зорја од Луганск каде што работеше минатата сезона и го однесе тимот до третото место во шампионатот.
Холанѓанецот беше тренер во младинските категории на Феенорд, Макаби Тел Авив, беше и спортски директор на Кајрат и Макаби Т.А. Работеше и во младинскиот тим на Шахтјор, а токму во Зорја му беше првата самостојна тренерска работа.
Сега ќе се проба и во Шахтјор, а договорот му е до 2025 година.
Шахтјор прв пат ќе работи на холандски погон, а во историјата имал тренери од Германија, Италија, Португалија, Романија.
🧡 Introducing Shakhtar’s new head coach Patrick van Leeuwen! ⚒
Watch how the manager met with the team 🙌 #Shakhtar #Ukraine
— FC SHAKHTAR ENGLISH (@FCShakhtar_eng) July 3, 2023