33-годишен десен бек пред портите на Вардар 1961?

3184

Вардар 1961 е на добар пат да донесе десен бек. Овој пат станува 33-годишен ракометар, кој во моментов е слободен играч. Според српски „Моцарт“, Немања Зеленовиќ наскоро би требало да биде промовиран во „црвено-црниот“ дрес.

Тој минатата сезона играше во Бундеслигата во тимот на Гумерзбах. Зеленковиќ со клубот се раздели поради проблеми со повреда. Тој има играно и за Гепинген и Магдебург.

Српскиот ден бек беше дел од Висла, Целје и Црвена Звезда. Зеленовиќ во претходните години беше во плановите на српскиот селектор Тони Џерона, беше во конкуренција за Европското првенство во Сегед, но отсуствуваше поради корона вирусот.

Екипата на Вардар 1961 е во исчекување на ждрепката за квалификациите за Европската лига.

ПретходноЦрвена Звезда ќе руши рекорди со Миротиќ во српската кошарка!
СледноНејмар „дебело“ ќе плати за влегување во езеро!