Екипата на Охрид Лихнидос го промовира третото засилување за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Клубот ги донесе Виктор Наумовски и Емил Скоко, а трето ново име е Наумче Бакрачески. Играчот за врска доаѓа во редовите на Охрид од Пелистер каде што настапуваше една сезона, а во кариерата играше уште за Брегалница, Тиквеш и Металург.
Охрид го напуштија Митревски, Ѓорѓиески, Костовски и Таири.