Интер размислува да земе голман на Аталанта како замена за Онана

239

Манчестер Јунајтед останува оптимист за трансферот на голманот на Интер, Андре Онан. Фудбалерот е блиску до заминување, а Интер е во потрага по замена за голман, а еден од кандидатите Марко Карнесеки, чуварот на мрежата на Аталанта.

Карнесеки ја помина претходната сезона како позајмен во Кремонезе и се врати во Аталанта на 30 јуни. 23-годишниот италијански голман, „Трансфермаркт“ го проценува на 13 милиони евра. Неговиот договор со Аталанта е до 30 јуни 2026 година.

Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед ја испратил првата понуда до Интер за трансфер на голманот Андре Онана, но таа била одбиена. Неговиот договор со Интер е до 2027 година.

ПретходноВо фудбалот ќе се воведе „правилото на Венгер“
СледноПочина поранешниот соиграч на Џордан и татко на Данте Егзум