Крстевски продолжи со Бутел Скопје

92

Организаторот на играта, Стефан Крстевски, ја продолжи соработката со ракометниот прволигаш Бутел Скопје.

24-годишниот среден бек потекнува од Преспа Ресен, каде што играше до 2014 година, потоа беше член на Вардар две сезони, настапуваше и за Вардар Јуниор до 2020. Играше и за Работнички, пред да се врати во Вардар, со кој беше дел од Лигата на шампионите.

Претходно нашиот тим го донесе тренерот Горан Кузманоски, се засили со Александар Стојаноски, Лука Иваниќ, Дамјан Георгиев и Марко Стојанов, а договорите ги продолжија Димитар Ѓоргиевски, Кристијан Давитковски и Бојан Блажески

ПретходноШахтјор првпат со холандски тренер
СледноГалтие го напушти ПСЖ, се е спремно за Енрике