Лидс Ј. си донесе тренер кој е „доктор“ за Чемпионшип лигата

707

Специјалистот за Чемпионшип, Германецот Даниел Фарке, денеска е назначен за нов менаџер на Лидс Јунајтед. Двократниот победник на Чемпионшип лигата додека беше на чело на Норич Сити, се согласи на четиригодишен договор со тимот од „Еланд Роуд“.

46-годишниот Германец го наследува Сем Алардајс кој ги напушти „белите“ на крајот од минатата сезона. Фарке беше именуван за менаџер на Норич Сити во летото 2017 година и имаше голем успех на „Кароу Роуд“. Во сезоната 2018/19 тој го одведе Норич до освојуваше на шампионатот и промоција во елитата, враќајќи го клубот во Премиер лигата за првпат по три години.

ПретходноБарселона го купи Бразилецот Роке, но ќе го има на располагање од јануари
СледноБаерн (М) тргна по грузискиот репрезентативен голман