РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека заради приватни причини спортскиот директор Димитар Митревски се повлекува од својата професионална функција во клубот. Под негово раководење клубот се издигна во еден од најдобро организираните спортски клубови во Македонија, посебно по потпишувањето на платформата за ракометна Битола.
Со Митревски како прв оперативец клубот освои два Суперкупа на Македонија, една шампионска титула во Суперлигата и редовно игра значајна улога во Европа и СЕХА лигата.
Раководството на Е.Пелистер јавно му се заблагодари на досегашниот спортски директор на успешната соработка.