Каков пресврт: Наместо суспензија, грчкиот центар потпишува за Панатинаикос!

1372

Се чинеше дека кариерата на грчкиот центар Динос Митоглу е практично завршена кога ФИБА ја потврди неговата суспензија поради допинг до 25 ноември 2024 година, но сето ова се промени.

Митоглу е надвор од кошарката од 4 март 2022 година, кога беше суспендиран на две и пол години поради користење недозволени средства, но Судот за спортска арбитража одлучи да ја скрати казната и тој ќе се врати на теренот на 28 јули.

Неговиот поранешен клуб Панатинаикос брзо реагирал и според „Баскетњуз“ решил да го врати 27-годишниот кој од 2017 до 2021 година го носеше „зелениот“ дрес од Атина.

ПАО и Митоглу се веќе во напредна фаза на преговори, а 210 сантиметри високиот кошаркар ќе се врати во Евролигата како еден од адутите на новиот тренер Ергин Атаман.

Да потсетиме, Митоглу пред суспензијата настапуваше за Армани од Милано, а по истекот на 28 јули ќе може да биде во грчкиот тим на претстојниот Мундобаскет.

Претходно“Бомбардерот“ Ибраими: Очекувам тежок двомеч со Жалгирис, но верувам дека Струга ТЛ може да оди натаму!
Следно“Бомба“: Калатес пред потпис со Партизан!