Најголемиот макеоднски фудбалски клуб, ФК Вардар на чело со својата навивачка група Комити, предмалку одржа прес конференција на која во живо беше презентирана новата акција која е пласирана и која има за цел да се спаси клубот од во моментов незавидната позиција, пред се финансиска.
Истата има за цел да се продадат што е можно повеќе годишни билети за следење на натпреварите на ФК Вардар со што се планира колку толку да се санира финансиската ситуација.
Налик на оваа акција која што беше реализиран пред околу две години кога се продадоа 33.381 билет и беа собрани преку 50.000 евра, сега Комити и ФК Вардар испраѓаат апел до навивачите, народот, и сите македонци да се сплотат и да бидат дел од најголемата спортска акција во историјата.
Вардар е во „војна“ со речиси сите
Во буквална смисла Вардар во моментов е во војна, велат Комити. И не само од сега. Одамна е веќе во војна. Затоа што Вардар „боде очи“ на многумина. Затоа Комити и во оваа прилика рекоа дека Вардар е национално богатство и мора истото да се чуваи негува. Затоа е и овој апел кој вели дека на Вардар мора да му се помогне секогаш кога е во неволја. А проблемите на Вардар во моментов се реални и видливи.
Блокираната сметка не е пречка да се помогне
Ова значи дека преку платформата преку која што ќе се реализира оваа акција, ќе може реално да се помогне на ФК Вардар, и да се соберат средства за понатамошно функционирање.
Благодарност го градските татковци
На прес конференцијата беше кажано дека дел од градоначалниците веќе на дело покажаа дека имаат намера да помогнат. Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, покрај тоа што овозможи користење на помошното игралиште, веќе денеска се купени од негова страна и сезонски билети во голем број.
Разоговори со Јавното претпријатие, се преговара за долговите
Она што е многу важно во моментов е да се каже дека Комити на големо веќе преговараат со надлежните институции, односно со оние кои ФК Вардар има должничко доверителски односи.
Разговарано е со јавното претпријатие на кој Вардар му должи 200.000 евра односно 90.000 камата. За истиот се преговара да се претвори во акции, затоа што ова јавно претпријатие долго време имало удел во самито ФК Вардар.
Во исто време е обавен и разговор со првите луѓе на УЈП, односно директорката, Сања Лукаревска, а тема секако се долговите на клубот.
Долгот на Самсоненко е 2.4 милиони, долгот на Слободан Крстевски е 400.000
Конечно, на крајот на краиштата јавноста мора да знае колкав е конечниот долг на ФК Вардар. Комити објавија дека во моментов на име на поранешните сопственици должи речиси три милиони евра.
До моментот додека Сергеј Самсоненко е сопственик на клубот, ФК Вардар должи 2.4 милиони евра по сите основи. Со доаѓањето на Слободан Крстевски како сопственик, тој долг е зголемен за 400.000 евра. Сепак, од ден во ден, со преговори истиот тој долг полека но сигурно се намалува.