Фудбалерите на Беласица, заедно со својот нов тренер Васе Беќаров, од денеска се во “погон“. Денеска попладне струмичани означија старт на подготовките за новата сезона во ВМФЛ.
На првиот тренинг се појавија 25 фудбалери. Во текот на овие подготовки закажани се и неколку пријателски средби и тоа против Дубочица (Србија), Симитли (Бугарија), Детонит, Силекс, Вардар Неготино.