Од денеска и официјално Шкупи има нов спортски директор. Тоа е Дамир Ибриќ од БиХ, некогашен фудбалер кој има играно во повеќе познати клубови, некогашен младински репрезентативец на својата земја.
Тој има и турско државјанство, а својата кариера ја завршува во 2017 година како член на Малатиа.
На промоцијата Ибриќ изјави…
“Среќен сум што доаѓам во клуб со традиција, клуб кој има освојувано пехари во шампионатот и во купот. Шкупи познато е дека секоја година е претендент за титулата, а и во евро настапите си има свои амбиции. Ќе работиме на тоа да имаме уште поголеми успеси, да дојдеме до групите во некое европско натпреварување“.