Динамо Букурешт го откупи договорот на Цупара

86

Динамо Букурешт го откупи договорот на Цупара и го доведе српскиот репрезентативец една година пред првичниот план.

Одличниот голман требаше да се пресели во Букурешт во летото 2024 година, но романскиот шампион плати отштета и го забрза трансферот. Од друга страна, како замена за него, Веспрем ја доведе шпанскиот голман Игнасио Биоска, кој пристигнува од Висла.

Цупара е член на Веспрем од 2019 година, кога пристигна од Кјелце. За унгарскиот гигант одигра 174 натпревари, освојувајќи едно првенство, три Купа, три СЕХА-лиги, со две учества на фајнл-форот на Лигата на шампионите во Келн.

Со Динамо Букурешт Владимир потпиша договор до летото 2026 година.

ПретходноПораз и од Данска: Јуниорките ќе се борат за пласман од 9-19 место во Софија
СледноБосанецот Дамир Ибриќ е новиот спортски директор на Шкупи!