Катарскиот шеик до крајот на неделава треба да го добие Манчестер Ј.

286

Шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани наскоро би можел да биде потврден како нов сопственик на Манчестер Јунајтед. Според англискиот печат, преземањето ќе биде завршено „во следните неколку дена“.

Катарскиот милијардер беше во трка за комплетирање на зделката за „црвените ѓаволи“ откако клубот беше ставен на продажба од страна на семејството Глејзерс во ноември. Оттогаш, Катарецот и Сер Џим Ретклиф испратија бројни понуди за кои официјално, се уште нема одлука.

Според катарскиот медиум Ал Раја, долготрајниот процес на преземање би можел да биде завршен неделава. Шеикот Јасим изјавил дека е сигурен во преземањето на англискиот гигант.

ПретходноОдредени судиите за 1. коло: На Македонија ЃП и суди Данец, на Шкендија судиска четворка од Холандија
СледноМладите одбојкари до 17 години денеска против Албанија на стартот на БП