Челниците на Пари Сен Жермен преговараат со Килијан Мбапе дали постои можност францускиот репрезентативец да го продолжи договорот со клубот од Париз. Од тимот наведуваат дека претставниците на Мбапе и ПСЖ разговарале за тоа како ќе изгледа иднината на најдобриот фудбалер на „светците“ следната сезона, но француските медиуми тврдат дека нема многу работи во кои двете страни имаат исто мислење.
Мбапе има договор со францускиот шампион до 30 јуни следната година. Тој пред неколку недели им порача на клупските челници дека нема да ја продолжи соработката со клубот до 30 јуни 2025 година.
Француските медиуми потсетуваат дека тоа во пракса значи дека Мбапе би можел без обештетување да го напушти ПСЖ на крајот од следната сезона. Раководството на „светците“ се обидува да го убеди Мбапе да не го напушта клубот следното лето како слободен играч, бидејќи тоа би му предизвикало бројни финансиски проблеми на шампионот на Франција.
Тие го потсетиле Мбапе на неговото ветување дека нема да го напушти ПСЖ без отштета, бидејќи во тој случај клубот од Париз може да има проблеми со финансискиот фер-плеј. Француските медиуми истакнуваат дека челниците на ПСЖ се под голем притисок, бидејќи доколку сакаат да заработат на трансферот на Мбапе, треба да го продадат својот најдобар играч до крајот на август.