Медведев повеќе се мачеше со дождот, отколку со Британецот!

62

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во второто коло на Вимблдон. Тој за два часа и четири минути игра го совлада Британецот Артур Фери со максимални 3:0, по сетови 7:5, 6:4, 6:3.

На третиот тенисер во светот многу повеќе му пречеше дождот, поради што мечот мораше да биде одложен неколку пати, но накрајот Русинот без проблем го реши 391. играч на планетата.

Првиот брејк на мечот го направи Медведев во петтиот гем, а во следниот гем одговори со риб-брејк, но до крајот на првиот сет Русинот уште еднаш му го одзеде сервисот на ривалот и освои 7: 5. Во продолжение беше нешто полесно, па без проблем ги доби и следните два сета.

Противник на Данил Медведев во следната рунда ќе биде подобриот од мечот меѓу Французинот Адријан Манарин и Русинот Александар Шевченко, нивниот дуел е закажан за подоцна.

ПретходноПСЖ и официјално го промовираше Луис Енрике!
СледноЈанис не игра на Мундобаскетот!?